-
Бог го избира Давид за нов цар
-
|1 Samuel 16:1| Му рече Господ на Самоил: „До кога ќе патиш по Саул, кого Јас го отфрлив да не биде цар на Израил? Понеси со себе масло и оди; Јас ќе те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто меѓу неговите синови си согледав цар.“
-
-
-
|1 Samuel 16:2| Тогаш Самоил рече: „Како да одам? Саул ќе чуе и ќе ме убие.“ Господ рече: „Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: — дојдов да му принесам жртва на Господ;
-
-
-
|1 Samuel 16:3| покани го и Јесеј, (и синовите негови), на жртвата; Јас ќе ти кажам што да правиш, и ти ќе Ми го помазаш оној, кого ќе ти го посочам.“
-
-
-
|1 Samuel 16:4| И Самоил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: „Со мир ли доаѓаш?“
-
-
-
|1 Samuel 16:5| Тој одговори: „Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господ; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.“ И го освети тој Јесеј и синовите негови и ги покани на жртвата.
-
-
-
|1 Samuel 16:6| И кога дојдоа тие, тој штом го виде Елијав, рече: „Секако, овој е пред Господ помазаникот Негов!“
-
-
-
|1 Samuel 16:7| Но Господ му рече на Самоил: „Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.“
-
-
-
|1 Samuel 16:8| И го повика Јесеј Авинадав и го доведе кај Самоил, па рече Самоил: „И овој Господ не го избрал.“
-
-
-
|1 Samuel 16:9| Јесеј го доведе Шама, и Самоил рече: „И овој не е избран од Господ.“
-
-
-
|1 Samuel 16:10| Така Јесеј ги доведе пред Самоил седумте синови свои, но Самоил му рече на Јесеј: „Ни еден од нив Господ не избрал.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
