-
|1 Samuel 7:1| И дојдоа мажи од Кирјат-Јарим, го зедоа ковчегот на заветот Господов и го однесоа во куќата на Авинадав, на ридот, а синот негов Елеазар го посветија да го чува ковчегот на заветот Господов.
-
-
-
Филистејците се победени. Самоил, водач на Израил
-
|1 Samuel 7:2| Од оној ден, кога ковчегот остана во Кирјат-Јарим, измина многу време, речиси дваесет години. И сиот Израилев дом гледаше со почит кон Господ.
-
-
-
|1 Samuel 7:3| И му рече Самоил на сиот Израилев дом, велејќи: „Ако од сѐ срце Му се враќате на Господ, отстранете ги од средината своја туѓите богови и статуите на Аштарта, подгответе ги срцата свои за Господ и Нему единствено служете Му, и Тој ќе ве избави од филистејските раце.“
-
-
-
|1 Samuel 7:4| И Израилевите синови ги отстранија разните Вааловци и Аштарти и почнаа да Му служат само на Господ.
-
-
-
|1 Samuel 7:5| И рече Самоил: „Соберете ги сите Израилци во Мицпа, и јас ќе Му се помолам на Господ за вас.“
-
-
-
|1 Samuel 7:6| И се собраа во Мицпа, и црпеа вода, ја истураа пред Господ, и постеа тој ден, велејќи: „Згрешивме пред Господ.“ А Самоил им судеше на синовите Израилеви во Мицпа.
-
-
-
|1 Samuel 7:7| Кога Филистејците слушнаа дека синовите Израилеви се собрале во Мицпа, кнезовите нивни излегоа против Израил; Израилците, откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците.
-
-
-
|1 Samuel 7:8| Тогаш Израилевите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да Го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да нѐ спаси од филистејските раце.“ (И Самоил рече: „Не може да биде тоа, јас да отстапам од Господ, мојот Бог, и да не молам за вас, во моите молитви.“)
-
-
-
|1 Samuel 7:9| И Самоил зеде едно јагне цицалче и го принесе, (заедно со сиот народ), како жртва сепаленица на Господ; повика Самоил кон Господ за Израил и Господ го слушна.
-
-
-
|1 Samuel 7:10| И кога Самоил ја принесуваше сепалиницата, Филистејците дојдоа да се борат против Израил. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие така се збркаа што паднаа пред Израил.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
