-
|1 Samuel 1:11| и даде заклетва, велејќи: „Господи, (семоќни Боже) Саваоте! Ако погледнеш милостиво кон понизноста на слугинката Твоја и се сетиш за мене, и не ја заборавиш слугинката Своја и ѝ дадеш на слугинката Своја машко дете, јас ќе Му го посветам на Господ до денот на неговата смрт; (и вино и жесток пијалок нема да пие) и брич нема да ја допре неговата глава.“
-
-
-
|1 Samuel 1:12| Додека таа се молеше долго пред Господ, Илиј ја гледаше во устата;
-
-
-
|1 Samuel 1:13| и бидејќи Ана говореше во срцето свое, устата нејзина само се мрдаше, гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана.
-
-
-
|1 Samuel 1:14| И ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.“
-
-
-
|1 Samuel 1:15| Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ.
-
-
-
|1 Samuel 1:16| Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.“
-
-
-
|1 Samuel 1:17| Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израилев нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“
-
-
-
|1 Samuel 1:18| А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
-
-
-
Раѓањето и детството на Самоил
-
|1 Samuel 1:19| И утредента тие станаа рано, се поклонија пред Господ и се вратија, па отидоа во домот свој во Рама. И Елкана беше близок со Ана, жената своја, а Господ си спомна за неа.
-
-
-
|1 Samuel 1:20| По извесно време Ана зачна, роди син и му даде име Самоил, бидејќи велеше таа: „Од Господ го побарав.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
