-
Поставување на свештеници
Обредот на посветувањето -
|Levítico 8:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 8:2| „Земи го Арон и синовите негови и одеждите, и масло за помазание, и теле како жртва за грев, и два овна, и кошница пресни лебови,
-
-
-
|Levítico 8:3| па собери го целиот народ пред вратата од скинијата на собранието.“
-
-
-
|Levítico 8:4| И направи Мојсеј како што му заповеда Господ, и се собра народот пред вратата од скинијата на собранието.
-
-
-
|Levítico 8:5| Потоа му рече Мојсеј на народот: „Еве што заповеда Господ да се направи.“
-
-
-
|Levítico 8:6| Па го доведе Мојсеј Арона и синовите негови и ги изми со вода.
-
-
-
|Levítico 8:7| И му облече хитон, и го опаша со појас, го облече со горна одежда, па му стави згора на тоа ефод, и го опаша појасот од ефодот наоколу, и го стегна со него,
-
-
-
|Levítico 8:8| а на градите одозгора му стави наградник, и на наградникот постави и „урим“ и „тумим“ 1.
-
-
-
|Levítico 8:9| Му стави уште на главата и кидар, а на капата спроти лицето му стави златна плочка, знак на светоста, како што му заповеда Господ на Мојсеј.
-
-
-
|Levítico 8:10| И го зеде Мојсеј маслото за помазание и ја помаза скинијата и сѐ што е во неа, и ја освети.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
