Levítico

  • Жртва за првосвештеник

  • |Levítico 4:1| И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

  • |Levítico 4:2| „Кажи им на синовите израилски: ако некој згреши пред Господ не са­кајќи, против која и да било заповед Господова и изврши нешто, што не тре­ба да прави, —

  • |Levítico 4:3| ако помазаниот свештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господ за гревот од крупниот доби­ток — теле без недостаток,

  • |Levítico 4:4| па откако ќе го доведе телето пред влезот од скинијата на собранието пред Господ, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господ.

  • |Levítico 4:5| А помазаниот свештеник кој е совршено посветен нека земе од крвта од телето, и нека ја внесе во скинијата на собранието.

  • |Levítico 4:6| И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седум­пати нека попрска пред Господ спрема завесата на светилиштето.

  • |Levítico 4:7| А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвени­кот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е при влезот од скинијата на собранието.

  • |Levítico 4:8| И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата;

  • |Levítico 4:9| и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб со бубрезите нека ги извади,

  • |Levítico 4:10| онака како што се вади тоа од теле за жртва за мир; и нека ги изгори свештеникот на жртвеникот за жртви сепаленици.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.