Levítico

  • Големиот ден на очистувањето

  • |Levítico 16:1| И му зборуваше Господ на Мојсеј по смртта на двајцата Аронови синови, кога тие, откако принесоа (туѓ оган) пред Господ, умреа;

  • |Levítico 16:2| и му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на братот твој Арон да не влегува во светилиштето зад завесата во секое време пред очистилиштето, што е врз ковчегот, за да не умре, бидејќи Јас ќе се јавувам над очистилиштето во облак.

  • |Levítico 16:3| Еве со што да влегува Арон во све­тилиштето: со теле како жртва за грев и со овен — за сепаленица.

  • |Levítico 16:4| Тој треба да го облекува осветениот ленен хитон, на долната половина од телото свое да има ленена облека и да се опашува со ленен појас, и ленен ки­дар да става — тоа се свети облеки; прво треба да го измие целото свое тело со вода и потоа да ги облекува.

  • |Levítico 16:5| И од заедницата на синовите израилски да земе Арон два козела како жртва за грев и еден овен — за сепаленица.

  • |Levítico 16:6| Потоа Арон да приведе теле како жртва за грев за себе, и така ќе се на­прави чист — себеси и домот свој,

  • |Levítico 16:7| па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави кај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово.

  • |Levítico 16:8| И тогаш Арон ќе фрли ждрепка за двата козела: една ждрепка за Господ, а другата за отпуштање.

  • |Levítico 16:9| И да го доведе Арон козелот на кој паднала ждрепката за Господ, и да го принесе како жртва за грев;

  • |Levítico 16:10| а козелот на кој паднала ждрепката за отпуштање, да го постави жив пред Господ, за да изврши над него обред за очистување и да го пушти во пустината за отпуштање (и тој ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја).


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.