-
Прописи во врска со свештениците
За приватниот живот на свештениците -
|Levítico 21:1| И пак му рече Господ на Мојсеј, велејќи: „Кажи им на свештениците, синовите Аронови, и речи им да не се допираат до мртовец од народот свој.
-
-
-
|Levítico 21:2| Само до свој близок роднина: до мајка, до татко, до син и до ќерка, до брат,
-
-
-
|Levítico 21:3| до сестра, која е мома што живее кај него, немажена, може да се допира, и со тоа да не се осквернува;
-
-
-
|Levítico 21:4| инаку, не смее да се оскверни со допир до кого и да било од народот свој, за да не стане нечист.
-
-
-
|Levítico 21:5| Не смеат да ја бричат главата своја, ниту да го потстрижуваат крајот од брадата своја, ни да прават зарези по телото свое.
-
-
-
|Levítico 21:6| Тие треба да бидат свети пред својот Бог и да не го осквернуваат името на својот Бог, бидејќи тие Му принесуваат жртви на Бога, леб на својот Бог, и затоа треба да бидат свети.
-
-
-
|Levítico 21:7| Тие не смеат да земаат жени блудници и порочни, не смеат да се женат ни со жена истерана од својот маж, затоа што се тие свети пред својот Бог.
-
-
-
|Levítico 21:8| И свет нека ти биде, бидејќи тој Му принесува храна на Господ, вашиот Бог; тој треба да ти биде свет, затоа што сум свет Јас, Господ Бог ваш, Кој ве осветува.
-
-
-
|Levítico 21:9| Ако свештеничка ќерка се оскверни со блудство, таа го осквернила таткото свој: со оган да биде изгорена.
-
-
-
|Levítico 21:10| А големиот свештеник меѓу браќата свои, врз чија глава е излеано масло за помазание, и кој е осветен за да се облекува во свети одежди, да не ја открива главата своја и облеката своја да не ја кине;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
