-
Кој смее да јаде од светите жртвени приноси
-
|Levítico 22:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 22:2| „Кажи му на Арон и на синовите негови да постапуваат внимателно со светите приноси од синовите израилски и да не го осквернуваат Моето свето име во тоа, што Ми го посветуваат. Јас сум Господ.
-
-
-
|Levítico 22:3| Кажи им: ако некој во целото ваше потомство во вашите родови, имајќи на себе некаква нечистотија, пристапи кон светите дарови, што синовите Израилеви Му ги посветуваат на Господ, да се истреби таа душа од пред Мене. Јас сум Господ.
-
-
-
|Levítico 22:4| Оној човек од семето Ароново, кој е лепрозен, или има гонореја, да не јаде од светите дарови сѐ додека не се исчисти, и кој се допре до нешто нечисто: до мртовец, или кому му се случи истечување на семе,
-
-
-
|Levítico 22:5| или кој ќе се допре до некој гад, па се оскверни, или до човек од кого се оскверни од каква и да било нечистотија,
-
-
-
|Levítico 22:6| тој што се допрел до тоа да биде нечист до вечерта и да не јаде од светите приноси, пред да го измие целото свое тело со вода;
-
-
-
|Levítico 22:7| но, штом зајде сонцето, и биде чист, тогаш да јаде од осветените дарови, бидејќи тоа е негова храна.
-
-
-
|Levítico 22:8| Мрша или ѕверојадина тој да не јаде, за да не се оскверни од нив. Јас сум Господ.
-
-
-
|Levítico 22:9| Нека ги пазат заповедите Мои, за да не навлечат поради нив грев врз себе и да не умрат поради нив, ако се осквернат. Јас сум Господ, Кој ги осветува.
-
-
-
|Levítico 22:10| Никој од друг род да не јаде од светите приноси: кој се населил кај свештеник, ни наемникот негов, не смее да јаде од светите приноси.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
