-
|Levítico 22:21| И ако некој Му принесува на Господ жртва за мир, исполнувајќи завет или по своја волја, (или на вашите празници) тогаш тоа треба да биде од крупниот или од ситниот добиток и да биде без недостаток, за да му биде примена; никаков недостаток не треба да има на неа.
-
-
-
|Levítico 22:22| Животно слепо или со скршени крајници, или сакато, или краставо, или со егзема — такви не принесувајте Му на Господ и од нив не давајте на Господ жртва на жртвеникот.
-
-
-
|Levítico 22:23| Животно од крупниот или од ситниот добиток со предолги или со претерано куси нозе можеш да принесеш како жртва по своја волја: но ако е за завет, нема да се прими.
-
-
-
|Levítico 22:24| Животно со смачкани, згмечени, извадени или исечени тестиси не принесувај Му на Господ; во земјата ваша не правете го тоа.
-
-
-
|Levítico 22:25| И од рацете на туѓинец не примајте такви животни за да ги принесувате како дарови на вашиот Бог, затоа што тие се повреда, имаат недостаток: тие нема да ви се примат.“
-
-
-
|Levítico 22:26| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 22:27| „Кога ќе се роди теле, или јагне, или козле, да остане кај мајка си седум дена, а од осмиот ден и натаму ќе може да се принесува како дар на Господ, —
-
-
-
|Levítico 22:28| но не колете ни крава, ниту овца, ниту коза во ист ден заедно со нивната рожба.
-
-
-
|Levítico 22:29| Ако Му принесувате на Господ жртва од благодарност, со радост принесувајте ја.
-
-
-
|Levítico 22:30| Таа да се изеде истиот ден; не оставајте од месото за другиот ден. Јас сум Господ.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
