-
|Levítico 22:11| Ако свештеникот си купи човек со пари, тој нека јаде од лебовите негови; исто така и домашните негови можат да јадат од неговите лебови.
-
-
-
|Levítico 22:12| Ако свештеничка ќерка се омажи за човек од друг род, таа не смее да јаде од принесените свети дарови,
-
-
-
|Levítico 22:13| а ако таа остане вдовица или биде разведена, а нема деца, и се врати во татковата куќа, како што била на млади години, тогаш таа може да јаде од лебовите на татко си; но никој од друг род не смее да јаде од нив.
-
-
-
|Levítico 22:14| Кој поради незнаење јаде нешто од осветените приноси, тој дел треба да му го врати на свештеникот и да додаде кон него уште една петина од тоа.
-
-
-
|Levítico 22:15| И да не ги осквернуваат светињите на синовите израилски, принесувани на Господ;
-
-
-
|Levítico 22:16| и да не навлекуваат врз себе вина поради престап, со тоа што ќе јадат од нивните дарови, зашто Јас сум Господ, Кој ги осветува.“
-
-
-
Прописи за избор на жртвените животни
-
|Levítico 22:17| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 22:18| „Кажи им на Арон и на синовите негови и на сите синови израилски и речи им: ако некој од синовите израилски, или од придојдените (населени) меѓу народот израилски, било поради некакво ветување или од благодарност принесува жртви какви што Му се принесуваат на Господ, за сепаленица,
-
-
-
|Levítico 22:19| за да му се прими жртвата милостиво, таа треба да биде од машки пол од стадата волови, од овците, или од козите, без недостаток;
-
-
-
|Levítico 22:20| а сѐ што има недостаток, да не се принесува, бидејќи тоа ќе Му биде непријатно.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
