-
Чистење на лепрата од луѓето
-
|Levítico 14:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 14:2| „Еве го законот за лепрозен, кога се извршува неговото очистување: нека го доведат кај свештеникот.
-
-
-
|Levítico 14:3| Свештеникот треба да излезе надвор од населбата, па ако увиди дека тој се излекувал од лепрата,
-
-
-
|Levítico 14:4| да нареди за оној што се очистил да се земат две чисти живи птици, кедрово дрво, црвен јаток и исоп.
-
-
-
|Levítico 14:5| Потоа свештеникот да заповеда да се заколе една од птиците над глинен сад, над изворска вода;
-
-
-
|Levítico 14:6| и да ја земе живата птица, кедровото дрво, црвениот јаток и исопот, и да ги натопи нив и живата птица во крвта на птицата заклана над живата вода,
-
-
-
|Levítico 14:7| и попрскувајќи го седумпати оној, кој се очистил од лепрата, да го прогласи за чист, а живата птица да ја пушти в поле на слобода.
-
-
-
|Levítico 14:8| Оној, кој се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ќе биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој.
-
-
-
|Levítico 14:9| На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на веѓите — сите влакна да ги избричи и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ќе биде чист;
-
-
-
|Levítico 14:10| на осмиот ден да земе две машки јагниња, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично брашно, помешано со масло, со лебен принос, и еден лог масло.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
