-
Како треба да Му се служи на Бога
-
|Levítico 19:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Levítico 19:2| „Кажи му на целото општество на синовите на Израил и речи им: бидете свети, затоа што сум свет Јас, Господ, вашиот Бог.
-
-
-
|Levítico 19:3| Секој да ги почитува таткото свој и мајката своја и да ги запазува Моите саботи. Јас сум Господ, вашиот Бог.
-
-
-
|Levítico 19:4| Не одете по идоли, и излеани богови не правете си. Јас сум Господ, вашиот Бог.
-
-
-
|Levítico 19:5| Кога Му принесувате на Господ жртва за мир, принесувајте ја за да биде примена.
-
-
-
|Levítico 19:6| Таа треба да се јаде во денот, кога ја принесувате, и вториот ден, а она што ќе остане во третиот ден, да се изгори на оган.
-
-
-
|Levítico 19:7| Ако некој ја јаде во третиот ден, тоа е одвратно и жртвата нема да се прими.
-
-
-
|Levítico 19:8| Оној што ќе ја јаде, ќе навлече врз себе грев, бидејќи го осквернил она што Му е свето на Господ; секој таков човек ќе биде истребен од народот свој.
-
-
-
|Levítico 19:9| Кога ја собирате жетвата од земјата своја, не ја жнеј нивата своја докрај, и паднатите класја од жетвата своја не собирај ги.
-
-
-
|Levítico 19:10| А и лозјето свое не собирај го до зрно, и паднатите зрна од брањето не собирај ги; остави го тоа за сиромавиот и придојдениот. Јас сум Господ, вашиот Бог.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
