-
|Levítico 16:11| Потоа Арон да го приведе телето како жртва за грев за себе, и ќе се очисти самиот и домот негов; и да го принесе како жртва поради гревот свој.
-
-
-
|Levítico 16:12| А потоа да земе кадилница, полна со разгорен јаглен од жртвеникот, што е пред Господ, и да ги наполни рацете со иситнето миризливо кадиво, и тоа да го внесе зад завесата;
-
-
-
|Levítico 16:13| и да го стави кадивото врз огнот пред Господ; и димот од кадивото ќе го покрие очистилиштето, што е над ковчегот на заветот, за да не умре.
-
-
-
|Levítico 16:14| И ќе земе од крвта на телето и со прст ќе го попрска однапред очистилиштето и пред него; седумпати да попрска од крвта со прстот свој пред очистилиштето.
-
-
-
|Levítico 16:15| Тогаш да го заколе козелот како жртва поради грев за народот, и да внесе од крвта негова зад завесата, и со неа да направи исто како што направи со крвта од телето, и да попрска врз очистилиштето и спрема очистилиштето,
-
-
-
|Levítico 16:16| и да го очисти светилиштето од нечистотиите на синовите израилски и нивните престапи во сите нивни гревови. Така треба да постапи тој и со скинијата на собранието, која е меѓу нив, среде нечистотиите нивни.
-
-
-
|Levítico 16:17| Кога ќе влезе тој за да го очисти светилиштето, и сѐ додека не излезе, никој да нема во скинијата. И така ќе се очисти самиот себе, својот дом и сиот израилски народ.
-
-
-
|Levítico 16:18| Потоа ќе пристапи пред жртвеникот, што е пред Господ, и ќе го очисти и ќе земе од крвта на телето и од крвта на козелот, и ќе ги помаже роговите на жртвеникот од сите страни,
-
-
-
|Levítico 16:19| и ќе го попрска со прстот свој од крвта седумпати, за да го очисти и освети од нечистотиите на синовите израилски.
-
-
-
|Levítico 16:20| Па, откако ќе ги очисти светилиштето, скинијата на собранието и жртвеникот, (и откако ќе ги очисти свештениците) ќе го приведе живиот козел.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
