-
|Levítico 8:31| И му рече Мојсеј на Арон и на синовите негови: „Сварете го ова месо пред влезот во скинијата на собранието, и јадете го таму со лебот што е во кошницата за посветување, како што ми се заповеда и рече, Арон и синовите негови нека го јадат тоа.
-
-
-
|Levítico 8:32| А она, што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го со оган.
-
-
-
|Levítico 8:33| И не оддалечувајте се од вратата на скинијата на собранието седум дена, додека не се завршат деновите на посветувањето ваше, зашто за седум дена ќе се изврши посветувањето ваше.
-
-
-
|Levítico 8:34| Како што се направи денес, така да се прави секогаш според Господовата заповед, за да се очистите од гревот.
-
-
-
|Levítico 8:35| Затоа пред влезот од скинијата на собранието стојте дење и ноќе седум дена и така запазете ги заповедите Господови, за да не умрете, зашто така ми заповеда (Господ Бог).“
-
-
-
|Levítico 8:36| А Арон и синовите негови направија сѐ онака, како што им беше заповедал Господ преку Мојсеј.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
