Levítico


  • |Levítico 8:21| а утробата и нозете ги изми со вода, и го изгоре Мојсеј целиот овен на жртвеникот: тоа е жртва сепаленица со пријатен мирис; тоа е принос пред Гос­под, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

  • |Levítico 8:22| Потоа го доведе вториот овен — овенот за посветување; и Арон и сино­вите негови ги ставија рацете свои врз главата на овенот.

  • |Levítico 8:23| Па, откако го закла, зеде Мојсеј од крвта негова и го помаза со неа крај­чето од десното уво на Арон и палецот на десната рака негова, и палецот на десната нога негова.

  • |Levítico 8:24| Ги доведе Мојсеј и синовите Ароно­ви, па и ним им го помаза со крв крајот од десното уво, палецот на десната рака и палецот на десната нога; а со другата крв Мојсеј го попрска жртвеникот наоколу.

  • |Levítico 8:25| Потоа ги зеде лојот, опашката и ло­јот што беше на утробата, кошулката од црниот дроб, како и двата бубрега и лојот околу нив, и десната плешка,

  • |Levítico 8:26| а од кошницата со бесквасни лебови што е пред Господ зеде еден бесквасен леб, еден леб со масло, како и една питка, па ги стави врз лојот и врз десната плешка.

  • |Levítico 8:27| И сето тоа му го предаде на Арон в раце и во рацете на синовите негови и го принесе како жртва пред Господ.

  • |Levítico 8:28| Потоа го зеде тоа Мојсеј од рацете нивни и го изгоре на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица; тоа е жртва за посветување со пријатен мирис, принос пред Господ.

  • |Levítico 8:29| Па ги зеде Мојсеј градите и ги принесе пред Господ; тоа е Мојсеев дел од овенот за посветување, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

  • |Levítico 8:30| Потоа зеде Мојсеј од маслото за помазание и од крвта, што беше на жртвеникот, па го попрска Арон и одеждите негови, и синовите негови, и одеждите нивни; и така го освети Арон и одеждите негови, синовите негови и одеждите нивни.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.