-
|Atos 5:1| А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата
-
-
-
|Atos 5:2| и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.
-
-
-
|Atos 5:3| Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?
-
-
-
|Atos 5:4| Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“
-
-
-
|Atos 5:5| Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.
-
-
-
|Atos 5:6| Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
-
-
-
|Atos 5:7| А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило.
-
-
-
|Atos 5:8| И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“
-
-
-
|Atos 5:9| Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“
-
-
-
|Atos 5:10| И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
