-
Петар се оправдува пред Црквата во Ерусалим
-
|Atos 11:1| Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо.
-
-
-
|Atos 11:2| И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија,
-
-
-
|Atos 11:3| велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“
-
-
-
|Atos 11:4| А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи:
-
-
-
|Atos 11:5| „Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како некое платниште, врзано за четирите краишта, и дојде дури до мене.
-
-
-
|Atos 11:6| Откако погледав во него и го разгледав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески.
-
-
-
|Atos 11:7| И чув глас што ми зборуваше: ‚Стани Петре, заколи и јади!‘
-
-
-
|Atos 11:8| Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘
-
-
-
|Atos 11:9| А гласот од небото повторно проговори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘
-
-
-
|Atos 11:10| Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
