-
Павле се враќа во Ерусалим
-
|Atos 21:1| И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнавме право во Кос, а на вториот ден во Родос, и оттаму во Патара.
-
-
-
|Atos 21:2| Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме.
-
-
-
|Atos 21:3| Штом го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму требаше коработ да се растовари.
-
-
-
|Atos 21:4| И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не влегува во Ерусалим.
-
-
-
|Atos 21:5| А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме.
-
-
-
|Atos 21:6| И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома.
-
-
-
|Atos 21:7| А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив останавме еден ден.
-
-
-
|Atos 21:8| Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кесарија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него.
-
-
-
|Atos 21:9| Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа.
-
-
-
|Atos 21:10| Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
