-
Павле и Варнава во Иконија
-
|Atos 14:1| Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа.
-
-
-
|Atos 14:2| А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата.
-
-
-
|Atos 14:3| Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да стануваат знаци и чуда.
-
-
-
|Atos 14:4| А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
-
-
-
|Atos 14:5| И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се готвеа да ги хулат и да ги каменуваат,
-
-
-
|Atos 14:6| тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина.
-
-
-
|Atos 14:7| Таму почнаа да го проповедаат Евангелието.
-
-
-
Исцелувањето на парализираниот човек. Беседата на Павле во Листра
-
|Atos 14:8| Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете. Тој бил сакат од мајчината утроба, не можел да оди никогаш.
-
-
-
|Atos 14:9| Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави,
-
-
-
|Atos 14:10| па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господа Исуса Христа: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
