-
Избор на седуммина помошници (ѓакони)
-
|Atos 6:1| Кога учениците се намножија, елинизираните Јудејци се побунија против Евреите зашто при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.
-
-
-
|Atos 6:2| Тогаш Дванаесетте, го свикаа целото мноштво ученици, и рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да послужуваме на трпезите.
-
-
-
|Atos 6:3| Затоа, браќа, одберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух и мудрост, па ќе ги поставиме на таа служба;
-
-
-
|Atos 6:4| а ние целосно ќе ѝ се посветиме на молитвата и на службата на словото.“
-
-
-
|Atos 6:5| Предлогот му се допадна на сиот народ; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармена, Николај, еден новопридојден од Антиохија;
-
-
-
|Atos 6:6| нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.
-
-
-
|Atos 6:7| И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свештеници ѝ се покори на верата.
-
-
-
Стефан е фатен
-
|Atos 6:8| А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.
-
-
-
|Atos 6:9| Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините 6, на Киринејците и Александријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;
-
-
-
|Atos 6:10| но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
