-
Павле на островот Мелит
-
|Atos 28:1| И тогаш, откако се спасивме, дознавме дека островот се вика Мелит 11.
-
-
-
|Atos 28:2| А мештаните ни укажаа необична човекољубивост: нѐ примија сите и, бидејќи врнеше дожд, беше студено, та накладоа оган.
-
-
-
|Atos 28:3| А кога Павле насобра многу гранки и ги стави на огнот, една змија излезе од гранките поради горештината и се впи во неговата рака.
-
-
-
|Atos 28:4| Мештаните, штом го видоа животното како виси на неговата рака, меѓу себе си рекоа: „Овој човек е навистина убиец; па затоа, иако се избави од морето, судот Божји не го остави да живее.“
-
-
-
|Atos 28:5| Но тој ја истресе змијата во огнот и ништо лошо не му стана.
-
-
-
|Atos 28:6| А тие очекуваа да се појави оток, или, пак, веднаш да падне мртов; но, бидејќи чекаа долго време и видоа дека не му стана никакво зло, тие си го променија мислењето и велеа дека е тој бог.
-
-
-
|Atos 28:7| Околу тоа место се наоѓаа имотите на началникот на островот, по име Поплиј. Тој нѐ прими и три дни пријателски нѐ гоштеваше.
-
-
-
|Atos 28:8| А таткото на Поплиј се разболе и лежеше, страдајќи од треска и болки во стомакот. Павле влезе кај него, се помоли и, положувајќи ги рацете свои врз него, го исцели.
-
-
-
|Atos 28:9| Тогаш, и другите од островот, што страдаа од болести, доаѓаа и се исцелуваа.
-
-
-
|Atos 28:10| Тие нѐ почитуваа многу и нѐ удостоија со големи почести, а пред заминување нѐ снабдија со сите потребни работи.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
