-
Педесетница – Излевање на Светиот Дух
-
|Atos 2:1| Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место.
-
-
-
|Atos 2:2| Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа.
-
-
-
|Atos 2:3| И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно.
-
-
-
|Atos 2:4| И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат.
-
-
-
|Atos 2:5| Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под небото.
-
-
-
|Atos 2:6| Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик.
-
-
-
|Atos 2:7| И сите вџашени и восхитени, говореа: „Овие што зборуваат, зар не се сите Галилејци?
-
-
-
|Atos 2:8| Па како тогаш слушаме како секој од нив зборува на нашиот мајчин јазик?
-
-
-
|Atos 2:9| Парти, Мидијци, Еламити и жителите од Месопотамија, Јудеја и Кападокија, од Понт и Азија,
-
-
-
|Atos 2:10| Фригија, Памфилија, од Египет и од краиштата на Либија покрај Киринеја, па и привремено дојдените Римјани.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
