-
|Atos 2:31| предвиде и кажа за воскресението на Христос дека нема да биде оставен во Адот и дека телото Негово нема да види распаѓање.
-
-
-
|Atos 2:32| Овој Исус Го воскресна Бог. За тоа сме ние сите сведоци.
-
-
-
|Atos 2:33| И затоа, Тој, откако беше воздигнат со десницата Божја и Го прими од Отецот ветувањето на Светиот Дух сега Го излеа. Тоа е она што го гледате сега вие и го слушате.
-
-
-
|Atos 2:34| Зашто Давид не отиде на небесата, но самиот кажа: ‚Му рече Господ на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна,
-
-
-
|Atos 2:35| додека не ги поставам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
-
-
-
|Atos 2:36| И затоа, нека знае со сигурност сиот Израилев дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.“
-
-
-
Првите покрстувања
-
|Atos 2:37| Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?“
-
-
-
|Atos 2:38| А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.
-
-
-
|Atos 2:39| Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.“
-
-
-
|Atos 2:40| И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
