-
Пристигнувањето на Павле во Ефес
-
|Atos 19:1| Додека Аполос беше во Коринт, Павле откако мина низ горните земји, дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици,
-
-
-
|Atos 19:2| и им рече: „Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?“ А тие му одговорија: „Ние не сме ни слушнале дека има Дух Свети.“
-
-
-
|Atos 19:3| Тој им рече: „А како бевте крстени?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“
-
-
-
|Atos 19:4| Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос.“
-
-
-
|Atos 19:5| Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.
-
-
-
|Atos 19:6| И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.
-
-
-
|Atos 19:7| А вкупно беа околу дванаесет души.
-
-
-
Павле проповеда во Ефес
-
|Atos 19:8| Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше и расправајќи ги уверуваше за царството Божјо.
-
-
-
|Atos 19:9| Но, бидејќи имаше некои жестоки противници на верата, кои говореа лошо за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои учениците и секојдневно расправаше во училиштето на некој си Тиран.
-
-
-
|Atos 19:10| Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, можеа да го слушаат словото за Господ Исус.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
