-
|Atos 19:31| Исто така и некои од азиските началници, бидејќи му беа пријатели, испратија кај него и го молеа да не се појавува во театарот.
-
-
-
|Atos 19:32| И така, едни извикуваа едно, други — друго; зашто меѓу насобраните владееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.
-
-
-
|Atos 19:33| По предлог на Јудејците беше извикан меѓу народот Александар. Александар даде знак со рака, сакајќи да одржи одбрамбен говор пред народот.
-
-
-
|Atos 19:34| Но кога дознаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“
-
-
-
|Atos 19:35| А градскиот писар, кога го смири народот, рече: „Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на великата божица Артемида и нејзиниот кип паднат од небото?
-
-
-
|Atos 19:36| Штом е тоа, пак, неспорно, вие треба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.
-
-
-
|Atos 19:37| А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го ограбиле, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.
-
-
-
|Atos 19:38| Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собири, а има и проконзули: нека се тужат едни со други.
-
-
-
|Atos 19:39| Ако, пак, нешто друго барате, тоа ќе биде решено во законското собрание.
-
-
-
|Atos 19:40| Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава работа, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој собир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
