-
|Atos 14:11| А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и извикаа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
-
-
-
|Atos 14:12| И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
-
-
-
|Atos 14:13| Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше заедно со народот да принесе жртва.
-
-
-
|Atos 14:14| Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
-
-
-
|Atos 14:15| „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви проповедаме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
-
-
-
|Atos 14:16| Кој поранешните поколенија на народите ги остави да врват по нивните патишта,
-
-
-
|Atos 14:17| иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“
-
-
-
|Atos 14:18| И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа),
-
-
-
|Atos 14:19| од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. (И кога апостолите зборуваа отворено, тие го убедија народот да ги напушти, велејќи дека ништо вистинско не зборуваат, туку само лажат;), а кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
-
-
-
|Atos 14:20| Кога се собраа околу него учениците, тој стана и се врати во градот. Утредента со Варнава заминаа за Дерва.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
