-
|Atos 21:21| А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мојсеј, велејќи им да не ги обрезуваат чедата свои, и да не постапуваат по обичаите.
-
-
-
|Atos 21:22| И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол.
-
-
-
|Atos 21:23| Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет.
-
-
-
|Atos 21:24| Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам живееш според Законот и го пазиш.
-
-
-
|Atos 21:25| А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не пазат ништо такво, туку само да се воздржуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“
-
-
-
|Atos 21:26| Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, откако се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.
-
-
-
Павле уапсен во храмот
-
|Atos 21:27| А кога требаше да се свршат седумте дена, азиските Јудејци, штом го видоа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него,
-
-
-
|Atos 21:28| викајќи: „Луѓе Израилци, помогнете! Овој човек насекаде учи против народот, против Законот, против ова место; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето место.“
-
-
-
|Atos 21:29| Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот.
-
-
-
|Atos 21:30| Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
