-
|Atos 5:31| Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израил.
-
-
-
|Atos 5:32| За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“
-
-
-
|Atos 5:33| Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат.
-
-
-
|Atos 5:34| Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор,
-
-
-
|Atos 5:35| а ним им рече: „Луѓе Израилци, размислете добро што ќе правите со овие луѓе!
-
-
-
|Atos 5:36| Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија четиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа.
-
-
-
|Atos 5:37| По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по себе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија.
-
-
-
|Atos 5:38| И сега ви велам — оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши;
-
-
-
|Atos 5:39| а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете борци против Бога!“ Тие го послушаа,
-
-
-
|Atos 5:40| и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
