-
|1 Samuel 25:11| Зар да ги земам лебот свој и водата своја, (и виното свое) и месото што сум го приготвил за стрижачите на овците, и да им дадам на луѓе што не ги знам од каде се?“
-
-
-
|1 Samuel 25:12| И Давидовите луѓе се вратија по својот пат, се вратија и дојдоа, та му ги соопштија на Давид сите тие зборови.
-
-
-
|1 Samuel 25:13| Тогаш Давид им рече на луѓето свои: „Препашете го секој мечот свој.“ И сите ги препашаа своите мечеви, го препаша и Давид мечот свој, и тргнаа по Давид околу четиристотини мажи, а двесте оставија кај логорот.
-
-
-
Авигеја му доаѓа на помош на Давид
-
|1 Samuel 25:14| Но еден од слугите ѝ јави на Авигеја, жената Навалова, велејќи: „Ете, Давид испрати од пустината известувачи да го поздрават нашиот господар, но тој се однесе кон нив грубо.
-
-
-
|1 Samuel 25:15| А тие луѓе се многу добри кон нас, не нѐ навредуваа, и ништо не се изгуби кај нас, за сето време додека одевме со нив, и додека бевме во полето;
-
-
-
|1 Samuel 25:16| тие беа за нас како ѕид и дење и ноќе за сето време, додека ги пасевме стадата близу до нив;
-
-
-
|1 Samuel 25:17| затоа, помисли и види што да се прави, бидејќи неизбежна несреќа му се заканува на господарот наш и целиот дом негов; а тој е лош човек, не може да се говори со него.“
-
-
-
|1 Samuel 25:18| Тогаш Авигеја набрзина зеде двесте леба и две мешини со вино, и пет овци зготвени, пет мери пржено жито, сто врзопки суво грозје и двесте низи смокви, и ги натовари на магариња,
-
-
-
|1 Samuel 25:19| па им рече на слугите свои: „Тргнувајте пред мене, ете, јас ќе одам по вас.“ А на мажот свој Навал ништо не му кажа.
-
-
-
|1 Samuel 25:20| А кога таа, седната на магаре, се спушташе по падините на планината, ете, во пресрет ѝ доаѓа Давид и луѓето негови, и таа се сретна со нив.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
