-
|1 Samuel 17:31| Се слушнаа зборовите што Давид ги говореше, и му ги соопштија на Саул, и тој го повика.
-
-
-
|1 Samuel 17:32| И му рече Давид на Саул: „Никој нека не паѓа со духот пред овој; твојот роб ќе отиде и ќе се бори против тој Филистеец.“
-
-
-
|1 Samuel 17:33| А Саул му рече на Давид: „Не можеш да одиш против Филистеецот, да се бориш против него, зашто ти си уште момче, а тој е војник уште од раната младост.“
-
-
-
|1 Samuel 17:34| Тогаш Давид му рече на Саул: „Секогаш кога твојот слуга ги пасеше татковите си овци, ако случајно дојдеше некој лав, или мечка, и ќе одвлечеше овца од стадото,
-
-
-
|1 Samuel 17:35| јас се спуштав по нив, ги напаѓав и им ја одземав од устата нивна. Ако, пак, тие се нафрлеа врз мене, јас ги фаќав за гривата, ги удирав и ги убивав.
-
-
-
|1 Samuel 17:36| Лав и мечка убивал твојот слуга, а и со овој необрезан Филистеец ќе стане истото како со нив, бидејќи ја навредува војската на живиот Бог. (Ќе ми дозволиш ли да одам и да го победам за да ги снема навредите кон Израил? Зашто, кој е тој необрезан?)“
-
-
-
|1 Samuel 17:37| Давид рече уште: „Господ, Кој ме спасуваше од канџите на лавот и мечката, ќе ме спаси и од рацете на овој Филистеец.“
-
-
-
|1 Samuel 17:38| Саул го облече Давид со облеката своја, му стави на главата бакарен шлем, и му навлече железен оклоп.
-
-
-
|1 Samuel 17:39| Давид го опаша мечот негов врз облеката и се обиде да оди, бидејќи никогаш не одел со такво вооружување. И Давид му рече на Саул: „Не можам да одам со ова, не сум навикнат.“ И го симна Давид сето тоа од себе.
-
-
-
|1 Samuel 17:40| Па го зеде в рака стапот свој, си одбра пет мазни камчиња од потокот, ги стави во овчарската торбичка што беше со него; и со торбичката и праќата в рака излезе против Филистеецот.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
