-
|Atos 25:11| Зашто, ако сум виновен и сум направил нешто што заслужува смрт, јас не се откажувам да умрам; но, ако од сето тоа во што ме обвинуваат тие нема ништо, тогаш никој не може да ме предаде на нив. Се повикувам на царот.“
-
-
-
|Atos 25:12| Тогаш Фест, откако се посоветува со Советот, одговори: „Се повика на царот, — рече, — кај царот ќе појдеш.“
-
-
-
Павле пред Агрипа и Верникиј
-
|Atos 25:13| А откако минаа неколку дена, царот Агрипа и Верникиј слегнаа во Кесарија за да го поздрават Фест.
-
-
-
|Atos 25:14| И бидејќи таму останаа повеќе денови, Фест му рече на царот за Павле, велејќи: „Феликс остави еден човек во затворот.
-
-
-
|Atos 25:15| Кога бев во Ерусалим, за него излегоа првосвештениците и старешините јудејски и ме молеа да го осудам.
-
-
-
|Atos 25:16| Јас одговорив дека кај Римјаните не е вообичаено човек да се осудува на смрт пред обвинетиот да се соочи со обвинителите и да му се дозволи да се брани од обвинувањето.
-
-
-
|Atos 25:17| И кога се собраа овде, на другиот ден, без никакво одлагање јас седнав на судискиот стол и заповедав да го доведат човекот;
-
-
-
|Atos 25:18| и кога застанаа околу него обвинителите, не изнесоа никакво обвинение против него, како што претполагав;
-
-
-
|Atos 25:19| туку против него имаа некакви препирки околу нивното верување и за некој си Исус, Кој умрел и за Кого Павле вели дека е жив.
-
-
-
|Atos 25:20| А јас, не знаејќи што да правам со овој, го прашав дали сака да оди во Ерусалим и таму да биде суден.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
