-
Жените – Исусови следбенички
-
|Lucas 8:1| Потоа Тој одеше по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го царството Божјо; а со Него беа Дванаесетмината,
-
-
-
|Lucas 8:2| и некои жени што беа излекувани од демони и болести: Марија, наречена Магдалена, од која беа излегле седум демони;
-
-
-
|Lucas 8:3| и Јоана, жената на Хуза, настојникот Иродов, и Сусана, и многу други, кои им служеа со своите имоти.
-
-
-
Парабола за сејачот
-
|Lucas 8:4| А кога се насобра многу народ, и кога жителите од секој град доаѓаа кај Него, рече во парабола:
-
-
-
|Lucas 8:5| „Излезе сејач да сее семе. Додека сееше, едно падна покрај пат и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;
-
-
-
|Lucas 8:6| а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, зашто немаше влага;
-
-
-
|Lucas 8:7| едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
-
-
-
|Lucas 8:8| а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
-
-
-
Зошто служат параболите
-
|Lucas 8:9| А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи оваа парабола?“
-
-
-
|Lucas 8:10| Тој рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува со параболи, да гледаат, а да не видат, и да слушаат, а да не разберат!
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
