-
За дарот од една вдовица
-
|Lucas 21:1| Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат своите прилози во ризницата на храмот.
-
-
-
|Lucas 21:2| Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти,
-
-
-
|Lucas 21:3| па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи;
-
-
-
|Lucas 21:4| сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија — сиот имот што го имаше.“
-
-
-
Исус го најавува разурнувањето на храмот
-
|Lucas 21:5| И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и заветни дарови, Тој им рече:
-
-
-
|Lucas 21:6| „Ќе дојде време во кое од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен, што не ќе биде урнат.“
-
-
-
Блиски и далечни знаци на Судот
-
|Lucas 21:7| И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот дека тоа почнува да се случува?“
-
-
-
|Lucas 21:8| Тој рече: „Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив!
-
-
-
|Lucas 21:9| А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот е веднаш.“
-
-
-
|Lucas 21:10| Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
