-
Исус и молитвата
-
|Lucas 11:1| Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“
-
-
-
|Lucas 11:2| А Тој им рече: „Кога се молите, говорете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата,
-
-
-
|Lucas 11:3| лебот наш насушен давај ни го секој ден;
-
-
-
|Lucas 11:4| и прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘“
-
-
-
Парабола за пријателот
-
|Lucas 11:5| И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба;
-
-
-
|Lucas 11:6| зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘
-
-
-
|Lucas 11:7| И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е веќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти дадам‘,
-
-
-
|Lucas 11:8| ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
-
-
-
Секој што ќе побара ќе му биде дадено
-
|Lucas 11:9| И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.
-
-
-
|Lucas 11:10| Зашто секој што моли — добива, а кој бара — наоѓа, и на оној што чука — ќе му се отвори.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
