-
|Lucas 11:41| Но, давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чисто.
-
-
-
|Lucas 11:42| Но тешко вам, фарисеи, зашто давате десеток од нане и рута, и од секаков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го пропуштите.
-
-
-
|Lucas 11:43| Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
-
-
-
|Lucas 11:44| Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат, а не ги знаат.“
-
-
-
|Lucas 11:45| Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“
-
-
-
|Lucas 11:46| Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите луѓето со товари што не можат да ги поднесат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари.
-
-
-
|Lucas 11:47| Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци;
-
-
-
|Lucas 11:48| Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници.
-
-
-
|Lucas 11:49| Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат‘;
-
-
-
|Lucas 11:50| за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
