-
Исус исцелува човек со водена болест во сабота
-
|Lucas 14:1| Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини да јаде леб; и тие Го надгледуваа.
-
-
-
|Lucas 14:2| И ете, застана пред Него човек, кој имаше водена болест.
-
-
-
|Lucas 14:3| Исус ги запраша закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“
-
-
-
|Lucas 14:4| А тие молчеа. И откако го допре, го излекува и го отпушти.
-
-
-
|Lucas 14:5| И им одговори и рече: „Кој од вас ако му падне в бунар магаре или вол, нема да го извади веднаш, иако е саботен ден?“
-
-
-
|Lucas 14:6| И не можеа да Му одговорат на тоа.
-
-
-
Кое место да се одбере и кој да биде поканет
-
|Lucas 14:7| А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа парабола и рече:
-
-
-
|Lucas 14:8| „Кога ќе те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе,
-
-
-
|Lucas 14:9| Па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚Отстапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место.
-
-
-
|Lucas 14:10| Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
