-
|Lucas 14:21| Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!‘
-
-
-
|Lucas 14:22| И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘
-
-
-
|Lucas 14:23| И му рече господарот на слугата: ‚Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да ми се наполни куќата!‘
-
-
-
|Lucas 14:24| Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја. Зашто мнозина се поканети, но малкумина се избрани.“
-
-
-
Неопходни услови да се стане ученик
-
|Lucas 14:25| Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече:
-
-
-
|Lucas 14:26| „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.
-
-
-
|Lucas 14:27| И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
-
-
-
|Lucas 14:28| Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја доврши?
-
-
-
|Lucas 14:29| Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат,
-
-
-
|Lucas 14:30| и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
