-
За соблазната
-
|Lucas 17:1| И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;
-
-
-
|Lucas 17:2| за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.
-
-
-
|Lucas 17:3| Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае — прости му.
-
-
-
|Lucas 17:4| И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ — прости му.“
-
-
-
Моќта на верата
-
|Lucas 17:5| И Му рекоа апостолите на Господа: „Засили ни ја верата!“
-
-
-
|Lucas 17:6| А Господ им рече: „Кога би имале вера колку синаповото зрно и ѝ речете на онаа црница: ‚Откорни се и пресади се в море!‘ — таа би ве послушала.
-
-
-
Должноста на слугата
-
|Lucas 17:7| Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал овци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘
-
-
-
|Lucas 17:8| Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме додека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘
-
-
-
|Lucas 17:9| Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
-
-
-
|Lucas 17:10| Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме.‘“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
