-
Исус ја објаснува параболата за сејачот
-
|Lucas 8:11| А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
-
-
-
|Lucas 8:12| Она што падна покрај патот, тоа се оние кои слушаат, но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
-
-
-
|Lucas 8:13| а она на камен — тоа се оние кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, а во време на искушенијата, тие отпаѓаат;
-
-
-
|Lucas 8:14| тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние што го слушаат словото, но откако ќе заминат, се гушат од грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
-
-
-
|Lucas 8:15| а тоа што падна на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го чуваат во добро и чисто срце, и донесуваат плод во трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“
-
-
-
Парабола за светлината
-
|Lucas 8:16| „Никој не ја поклопува со сад свеќата што ја запалил, ниту ја става под легло, туку ја става на свеќник, за да ја гледаат светлината оние што влегуваат.
-
-
-
|Lucas 8:17| Зашто нема тајно што не ќе стане јавно, ниту, пак, сокриено што не ќе се разбере и не ќе излезе на виделина.
-
-
-
|Lucas 8:18| Па затоа: пазете како слушате; зашто, кој има, ќе му се даде; а кој нема, ќе му се одземе и она што мисли дека го има.“
-
-
-
Вистинското семејство на Исус
-
|Lucas 8:19| Дојдоа кај Него мајка Му и браќата Негови, и не можеа да пријдат до Него поради народот.
-
-
-
|Lucas 8:20| И Му јавија, велејќи: „Мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да Те видат.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
