-
|Lucas 8:41| И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Тој падна пред нозете Исусови, и Го молеше да влезе во домот негов,
-
-
-
|Lucas 8:42| зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него.
-
-
-
|Lucas 8:43| И една жена, која боледуваше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува,
-
-
-
|Lucas 8:44| пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението.
-
-
-
|Lucas 8:45| И рече Исус: „Кој се допре до Мене?“ А бидејќи сите порекнуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ‚Кој се допре до Мене?‘“
-
-
-
|Lucas 8:46| Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“
-
-
-
|Lucas 8:47| Жената, штом виде дека не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела.
-
-
-
|Lucas 8:48| А Тој ѝ рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си во мир!“
-
-
-
|Lucas 8:49| Додека Тој уште зборуваше, дојде некој откај старешината на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“
-
-
-
|Lucas 8:50| Но Исус, штом го слушна тоа, му одговори и рече: „Не плаши се! Само верувај и ќе биде спасена!“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
