-
Крај на Јововиот говор: тврди дека не е виновен ниту пред Бога, ниту пред луѓето
-
|Jó 31:1| „Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица.
-
-
-
|Jó 31:2| Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата?
-
-
-
|Jó 31:3| Нели е за нечесниот погибелта? Нели е за злочинецот злото?
-
-
-
|Jó 31:4| Не ги виде ли Тој патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори?
-
-
-
|Jó 31:5| Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство;
-
-
-
|Jó 31:6| нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ќе ја дознае мојата непорочност.
-
-
-
|Jó 31:7| Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се залепило за рацете мои,
-
-
-
|Jó 31:8| јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат.
-
-
-
|Jó 31:9| Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој;
-
-
-
|Jó 31:10| жената моја нека му меле на друг, и со друг нека ја дели постелата своја,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
