-
Говор на Елифаз: лошиот човек нема да се спаси
-
|Jó 15:1| Проговори Елифаз од Теман и рече:
-
-
-
|Jó 15:2| „Ќе одговара ли мудриот со празни знаења и ќе го полни ли стомакот свој со врел ветар?
-
-
-
|Jó 15:3| Ќе се оправдува ли со бесполезна реч, и со зборови што немаат никаква сила?
-
-
-
|Jó 15:4| Ти пак го заборави стравот од Бога; пред Неговото лице ти трепет немаш.
-
-
-
|Jó 15:5| Твоите зборови вината Твоја ја покажуваат, се служиш со јазикот на лукавите.
-
-
-
|Jó 15:6| Тебе те обвинува устата твоја, а не јас; јазикот твој говори против тебе.
-
-
-
|Jó 15:7| Зар ти си првиот роден од човек и пред ридовите ли си создаден?
-
-
-
|Jó 15:8| Зарем си ги слушал тајните Божји и за себе мудрост си придобил?
-
-
-
|Jó 15:9| Што знаеш ти што ние не го знаеме? Што разбираш ти, а што го нема и во нас?
-
-
-
|Jó 15:10| Меѓу нас има и седокос, и старец, кои според деновите го надминуваат татко ти.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
