-
Говор на Софар: несреќите на безбожникот
-
|Jó 20:1| Проговори Софар од Ноема и рече:
-
-
-
|Jó 20:2| „Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам.
-
-
-
|Jó 20:3| Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ќе одговори за мене.
-
-
-
|Jó 20:4| Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, — откога е човекот поставен на земјата,
-
-
-
|Jó 20:5| дека веселбата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на безбожниот е за миг?
-
-
-
|Jó 20:6| И до небесата да се издигне величието негово, и до облаците да се допира главата негова, —
-
-
-
|Jó 20:7| тој засекогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го виделе, ќе кажат: — каде е тој?
-
-
-
|Jó 20:8| Како сон ќе одлета, и нема да го најдат; како ноќно привидение ќе исчезне.
-
-
-
|Jó 20:9| Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото негово повеќе нема да го забележи.
-
-
-
|Jó 20:10| Синовите негови ќе им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ќе го вратат она што го ограбил.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
