-
Говор на Јов: безбожниците имаат среќа
-
|Jó 21:1| Одговори Јов и рече:
-
-
-
|Jó 21:2| „Ислушајте го внимателно зборот мој; тоа ќе ми биде утеха од вас.
-
-
-
|Jó 21:3| Потрпете ме, и јас ќе говорам; а потоа, откако ќе се искажам, потсмевајте се.
-
-
-
|Jó 21:4| Зар на човек се оплакувам јас? Па како да не биде трпението мое при крај?
-
-
-
|Jó 21:5| Погледајте ме и ужаснете се, и ставете прст на устата своја.
-
-
-
|Jó 21:6| Само кога ќе помислам, — истрпнувам, и трепет го обзема телото мое.
-
-
-
|Jó 21:7| Зошто беззакониците живеат, достигнуваат старост, и остануваат со моќ?
-
-
-
|Jó 21:8| Децата нивни се со нив пред лицето нивно, и внуците им се пред очите нивни.
-
-
-
|Jó 21:9| Куќите им се во мир и спокојство, и жезолот Божји не е врз нив.
-
-
-
|Jó 21:10| Бикот нивни оплодува и не пропушта, кравата нивна зачнува и не пометнува.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
