-
Одговор на Јов: Бог – неумолив деспот
-
|Jó 12:1| Пак одговори Јов и рече:
-
-
-
|Jó 12:2| „Само вие ли сте луѓе, и со вас ли ќе исчезне мудроста!?
-
-
-
|Jó 12:3| И јас знам да мислам како вас; и во ништо не сум подолен од вас; и кој не го знае истото тоа?
-
-
-
|Jó 12:4| За потсмев станав јас на пријателот свој, јас што Го повикував Бога, и Кој ми одговараше, — за потсмев е — праведниот и непорочниот човек.
-
-
-
|Jó 12:5| Презир заслужува несреќниот — такви се мислите на среќните, еве што се спрема за оние, чии нозе се сопнуваат.
-
-
-
|Jó 12:6| Спокојни се шаторите на крадците и безопасни на оние што Го гневат Бога, ним Бог им дава сѐ.
-
-
-
|Jó 12:7| Но, прашај го добитокот, и ќе те научи; запрашај ја небеската птица, и ќе ти објасни.
-
-
-
|Jó 12:8| Разговарај со Земјата и таа ќе те поучи, прашај ги рибите морски и тие ќе ти кажат.
-
-
-
|Jó 12:9| Кое од сите созданија не знае дека раката на Господ го создаде тоа?
-
-
-
|Jó 12:10| Во Неговата рака е душата на сѐ што е живо и духот на секоја човечка плот.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
