-
Одговор на Јов (продолжение): Бог ме создаде за да ме уништи
-
|Jó 10:1| „Ѝ дотегна на душата моја животот мој; ќе се предадам на тагата своја; ќе говорам со горчината на душата своја.
-
-
-
|Jó 10:2| Ќе му речам на Господ: ‚Не обвинувај ме; кажи ми зошто се бориш со мене?
-
-
-
|Jó 10:3| Мило ли Ти е да ме измачуваш, да го презираш делото на рацете Свои, а намерите на нечесните да ги помагаш?
-
-
-
|Jó 10:4| Зар имаш телесни очи? Гледаш ли како што гледа човек?
-
-
-
|Jó 10:5| Зар Твоите дни се како дните на смртните, или Твоите години се како дните на човек?
-
-
-
|Jó 10:6| Зошто ја испитуваш вината моја и гревовите мои сакаш да ги откриеш,
-
-
-
|Jó 10:7| иако знаеш дека сум невин и дека нема кој да ме спаси од раката Твоја?
-
-
-
|Jó 10:8| Твоите раце ме создале и ме оформиле, и Ти сега од сите страни ме уништуваш?
-
-
-
|Jó 10:9| Сети се дека како глина си ме замешал, та пак ли во прав ќе ме претвориш?
-
-
-
|Jó 10:10| Нели Ти ме излеа како млеко, и ме згусти како сирење?
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
