-
|Jó 31:21| Ако сум кренал рака врз сирак, кога ќе видев дека имам потпора пред портите,
-
-
-
|Jó 31:22| рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот,
-
-
-
|Jó 31:23| зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам.
-
-
-
|Jó 31:24| Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‚ти си моја надеж?‘
-
-
-
|Jó 31:25| Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу?
-
-
-
|Jó 31:26| Гледајќи го сонцето како свети и месечината како величествено оди,
-
-
-
|Jó 31:27| се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја?
-
-
-
|Jó 31:28| Тоа ќе беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот.
-
-
-
|Jó 31:29| Се радував ли за неволјата на непријателот мој и се веселев ли кога го снаоѓаше зло?
-
-
-
|Jó 31:30| Не ѝ дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
