-
Израил Го отфрла Господа
-
|Oséias 8:1| Стави ја трубата на уста! Непријателите како орли го напаѓаат Домот Господов, зашто тие го нарушија заветот Мој и го престапија законот Мој.
-
-
-
|Oséias 8:2| Иако викаат кон Мене: „Боже мој, ние Те познаваме; ние сме Израил.“
-
-
-
|Oséias 8:3| Израил го отфрли доброто; затоа непријател ќе го гони.
-
-
-
|Oséias 8:4| Си поставуваа цареви свои, без Мене; си избираа кнезови, пак без Мене; од среброто свое и од златото свое направија идоли: тоа им е за погибел.
-
-
-
|Oséias 8:5| Го мразам телето твое, Самаријо; се распали гневот Мој против нив; до кога ли не ќе можат да се исчистат оние што се во Израил?
-
-
-
|Oséias 8:6| И него уметник го направил, тоа не е бог; затоа ќе биде скршено на парчиња телето твое, Самаријо!
-
-
-
|Oséias 8:7| Бидејќи сееја ветар, бура ќе пожнеат; житото нема да им 'рти, нема да даде брашно; ако, пак, и даде, туѓинци ќе го изедат.
-
-
-
|Oséias 8:8| Проголтан е Израил; меѓу народите сега е како скршен сад.
-
-
-
|Oséias 8:9| Тие скитаат осамени како диви магариња; Ефрем со подароци ја купуваше благонаклоноста на другите.
-
-
-
|Oséias 8:10| Па, иако праќаше дарови на народите, наскоро Јас ќе ги соберам, и тие ќе почнат да страдаат од царот и кнезовите;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
