-
|Oséias 12:1| Ефрем пасе ветар и трча кон источниот ветар, по цел ден си ги намножува лагите и насилствата, склучува сојуз со Ашур, а во Египет праќа масло.
-
-
-
Суд и над Израил и над Јудеја
-
|Oséias 12:2| Но и со Јуда Господ ќе има суд — Тој ќе го казни и Јаков за постапките негови, и Ќе му плати според делата негови.
-
-
-
|Oséias 12:3| Уште во утробата мајчина тој го потиснуваше брата си, а кога порасна, тој се бореше и со Бога.
-
-
-
|Oséias 12:4| Тој се бореше против ангел — и го победи; заплака и Го замоли; во Ветил Тој нѐ најде и таму зборуваше со нас.
-
-
-
|Oséias 12:5| А Господ е Бог над силите; Јахве е името Негово.
-
-
-
|Oséias 12:6| Врати се и ти кон својот Бог; биди милостив и справедлив, и секогаш надевај се на твојот Бог.
-
-
-
|Oséias 12:7| Хананецот има неверни мерила во раката своја и сака да онеправдува.
-
-
-
|Oséias 12:8| И Ефрем вели: „Сепак се збогатив, насобрав многу имот, макар што во сите мои работи не можат да најдат ништо незаконско, што би било грев.“
-
-
-
Господ му е сепак Бог на Израил
-
|Oséias 12:9| Јас сум твојот Господ Бог уште од земјата египетска: пак ќе те населам да седиш во сеници како во деновите на празникот.
-
-
-
|Oséias 12:10| Јас им зборував на пророците и ги умножував виденијата, а и преку пророците ќе донесам уништување.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
