-
Осија го предупредува Израил
-
|Oséias 10:1| Израил е рагранета лоза; колку повеќе таа има плод, толку повеќе се умножуваат жртвениците; колку му е поплодна земјата, толку повеќе се украсуваат идолите.
-
-
-
|Oséias 10:2| Измамничко е срцето нивно, и затоа ќе бидат казнети: Тој ќе ги разруши нивните жртвеници, ќе ги здроби идолите нивни.
-
-
-
|Oséias 10:3| Сега тие велат: „Немаме цар, зашто немавме страхопочит кон Господа, а и зошто ни е цар?“
-
-
-
|Oséias 10:4| Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; правдата се претворила во неправда и расте по браздите на нивните ниви.
-
-
-
|Oséias 10:5| За телето во Бет-Авен ќе плачат жителите на Самарија; ќе заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ќе плачат по славата негова, зашто неа ќе ја снема од него.
-
-
-
|Oséias 10:6| И тој самиот ќе биде врзан и одведен во Асирија како дар на големиот цар; посрамен ќе биде Ефрем, и ќе се засрами Израил поради својата одлука.
-
-
-
|Oséias 10:7| Уништена е Самарија, нејзиниот цар ќе биде исфрлен како лушпа на површината на водата.
-
-
-
|Oséias 10:8| И ќе бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ќе обраснат жртвениците негови, па ќе им речат на планините — покријте нѐ, а на ридовите, паднете врз нас!
-
-
-
Господ му се заканува на Израил
-
|Oséias 10:9| Повеќе згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; а и таму да запреше, немаше ли да те стаса војна, како и беззакониците гивејски?
-
-
-
|Oséias 10:10| Ќе ги казнам како што ќе посакам; ќе се соберат против нив народите, и тие ќе бидат казнети поради двојниот нивни престап.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
